База на податоци за јавните набавки на општините во Република Македонија во 2016 година

Лого на Центар за Граѓански Комуникации

Насоки за користење

Базата на податоци за јавните набавки на општините е изготвена со преземање и детална обработка на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки за договорите за јавни набавки склучени од страна на општините во периодот на 2015 и 2016 година од страна на Центарот за граѓански комуникации, партнер на Балканската истражувачка репортерска мрежа во имплементација на Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор.

Оваа база содржи информации за бројот и вредноста на јавните набавки поединечено за сите 80 општини и Градот Скопје, како и поединечен приказ за вредноста на договорите за јавните набавки кои секоја фирма ги склучила со една или повеќе општини во тековната година. Базата ги опфаќа сите 4.050 договори за јавни набавки што се склучени од страна на општините и Градот Скопје.

Пребарувањето на податоците е овозможено преку селектирање на видот на податоците кои сакате да ги пребарувате, поделени во две категории:

  • Општина или
  • Фирма

Во зависност од изборот на видот на податокот, следниот чекор на пребарување ви овозможува да добиете детален приказ за кој било податок соодветно на првичниот избор, односно доколку изберете општина во менито за вид на податок, понатаму можете да изберете која било од општините во Македонија кои склучиле договори за јавни набавки, или пак, доколку изберете фирма, во следниот чекор ќе имате можност да изберете детален приказ за вредноста и договорите на јавните набавки кои избраната фирма ги склучила со општините.

Базата содржи податоци за 80 општини и Градот Скопје како посебен ентитет и 857 фирми коишто потпишале договори за јавни набавки во 2015 и 2016 година.

Информациите од оваа база се презентирани на три начини:

  • Брзи факти, кои се достапни на насловната страница на базата и содржат сумарни и клучни информации кои се исцрпени од податоците достапни за сите општини и фирми;
  • Поединечни информации за секоја општина, кои се достапни преку избор на која било општина од менито за избор на општини, или преку кликнување на кој било интерактивен линк кој води до страницата на прикажаната општина во линкот. Страниците за општините содржат информации за соодносот на општинскиот буџет и трошоците за јавни набавки, бројот на јавните набавки на општината, трошоци за јавни набавки по жител, вредносна распределба на договорите за јавни набавки со фирмите со кои се склучени, местоположба и распределба на јавните набавки според типот на јавните набавки;
  • Поединечни информации за секоја фирма, кои се достапни преку избор на која било фирма во менито за избор на фирми, или преку кликање на кој било интерактивен линк кој води до страницата на избраната фирма. Страницата за фирмите дава детален приказ за: вкупната вредност и број на договори коишто фирмата ги склучила со општините, учество на фирмата во распределбата на јавните набавки, местоположба, преглед на вредноста на договорите со секоја општина посебно и поделба на типот на јавните набавки за кои фирмата има склучено договор.

Податоците од оваа база на податоци се достапни за преземање во согласност со меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.